Патниот правец Битола-Ресен (обиколница Битола) е оспособен за сообраќај на сите видови моторни возила. Отстрането е свлечиштето на патот поради кое претходно возилата се пренасочуваа преку Битола. Поставена е соодветна патна сигнализација, соопшти денеска Авто-мото сојузот на Македонија.
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.