Српскиот претседател Томислав Николиќ го одликуваше поранешниот кубански лидер Фидел Кастро со Орден на Република Србија на лента, објавено е во најновото издание на „Службен весник“.
Николиќ го одликува Кастро за посебни заслуги во развојот и зајакнувањето на пријателските односи и соработката меѓу двете земји.
Николиќ во петокот во Москва разговараше со својот кубански колега Раул Кастро за унапредување на соработката меѓу Белград и Хавана, а предвидено е српскиот претседател да замине во официјална посета на Куба на 18 мај.