Бугарија ќе гради оранжерија во Монголија, што е дел од повеќето конкретни договори постигнати за време на посетата на бугарскиот претседател Росен Плевнелиев на оваа азиска земја.
Плевнелиев и монголскиот премиер Чимед Сајханбилег денеска го отворија бугарско-монголскиот Бизнис форум во Улан Батор, на кој учествуваат 25 бизнисмени од Бугарија и над 60 компании од Монголија.
Оранжеријата е пилот-проект и ќе биде изградена целосно според бугарска технологија, чија вредност ќе изнесува околу еден милион долари.
Бугарскиот заменик министер за земјоделство и храна, Васил Грудев истакна дека ова е можност за претставување на бугарскиот зеленчук во Монголија и на азискиот пазар. Монголија е постојан увозник на овошје и зеленчук, бидејќи нема можност за нивно одгледување во земјата. Во оранжеријата ќе се одгледуваат бугарски краставици, домати и пиперки.