ММФ работи со соседите на Грција за надминување на ризиците од евентуален банкрот

Од:

Меѓународниот монетарен фонд работи со националните власти во ЈИЕ по планови за дејствија при евентуален грчки банкрот. Тоа го тврди Јорг Декресин, заменик директор на европскиот оддел во ММФ за весникот Волстрит џурнал.

Според весникот, тоа е ретка јавна изјава дека се подготвуваат за потенцијално неуспешни преговори за продолжување на помошта за Атина.

Во текстот се вели дека грчките банки се големи играчи во финансиските системи на некои од соседните држави.

Во Бугарија и Македонија имаат по околу 22 отсто од банкарските активи додека имаат активност и во Романија, Албанија и Србија.

– Во дијалог сме со тие држави, посочува Јорг Декресин.

– Разговараме со нив за планови за вонредни ситуации и какви мерки да се преземат, додава претставникот на ММФ.

ММФ побарал од националните организ анадзор да гарантираат дека филијалите на грчките банки имаат доволно активи кои може да ги користат доколку финансирањето од централата запре.

Преговорите на Грција и нејзините меѓународни кредитори напредуваат многу бавно и покрај предупредувањата од грчки официјални претставници дека владата е близу до банкрот.

– Би било глупаво доколку некој во политичкиот свет не бисе вознемирил во оваа состојба, коментира Декресин. – Наша оценка за грчките банки во овој регион е дека тие се високо ликвидни и не гледаме значително повлекување депозити, нагласува Декресин.

Би можело да ве интересира

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Димитриеска-Кочоска на средби во ММФ – Го стабилизираме управувањето со јавните финансии, фокусот е на дисциплинирано буџетско трошење, ефикасно прибирање на приходите и економски раст

ММФ: На глобалната економија и се закануваат високи долгови и низок проектиран раст