Ирак се согласи да купи 24 воени авиони од Чешка за околу една милијарда долари за исполнување на програмата на премиерот Нури ал Малики за обнова на ирачките ВВС и за контрола над воздушното пространство на државата.
Купувањето е во момент кога ирачкиот премиер е под притисок од страна на Вашингтон да спречи Иран да пренесува оружје преку ирачкото воздушно пространство како помош за силите на Башар ал Асад во Сирија.
Ирак во пракса нема свои ВВС од американската инвазија во 2003 година и Багдад не може да го заштити воздушното пространство.
– Склучивме зделка за купување од Чешка на 24 воени авиони Л-159 и авиони за обука. Четири од нив ќе бидат бесплатни и ќе ни бидат дадени во рок од седум месеци, изјави Али ал Мусауи, советник на ирачкиот претседател.