Наскоро казна доживотен затвор и во Србија

Од:

Танјуг – Белград

Вршителите на најтешките кривични дела во Србија наскоро можат да бидат осудени на казна доживотен затвор, која по 25 години под одредени услови може да се трансформира во временска казна, т.е. на осудениот да се примени амнестија, условно пуштање или помилување.

Ова решение, како и други новини е предвидено со Нацрт закон за измени и доплни на Кривичниот закон кој во целост е објавен на сајтот на Министерството за правда за јавни расправи.

Со казната доживотен затвор, која не се пропишува и не се изрекува во одредено временско траење, би се заменила постоечката казна за најтешки кривични дела од 30 до 40 години затвор.

Во образложението на Нацрт законот се потенцира дека криминално-политичкото оправдување на казната доживотен затвор е тоа што таа претставува исклучителна казна која ја заменува смртната казна, со оглед на тоа дека временската казна затвор не се покажува како соодветна во однос на некои најтешки кривични дела и одредени вршители.

Законодавците на овој закон потсетуваат на ставот на Европскиот суд за човекови права од 2013 година, а тоа е дека оваа казна може да се пропише и да се изрече без право на осудениот по одреден основ да трае покусо, т.е. да се трансформира во временска казна (условно пуштање, помилување, амнестија), како и дека времето по кое осудениот ќе го стекне тоа право не може да биде подолго од 25 години.

Со исклучок на државите настанати на територијата на поранешна Југославија, освен Словенија, како и Шпанија, Португалија и Норвешка, сите други европски држави имаат казна доживотен затвор, како на пример Австрија, Финска, Франција, Германија, Италија, Македонија, Словенија, Швајцарија и други.

Ако во јавноста се слушне приговор дека доживотниот затвор е нехуман, предлагачите на ова решение сметаат дека ни постоечката казна од 30 до 40 години затвор во тој поглед многу не се разликува, а исто така може под одредени услови да биде и по нехумана од казната доживотен затвор.

Имајќи ја предвид казната и нејзиниот исклучителен карактер, предвидени се ограничувања за нејзино пропишување.

Според Нацртот доживотната казна судот може да ја изрече на вршители на најтешки кривични дела, или за најтешки форми на дела и секогаш алтернативно со казна затвор.

Предвидена е и забрана за нејзино изречување на лица кои во време на вршењето на кривично дело не се постари од 21 година.

Освен тоа, забрането е изрекување на казна доживотен затвор кога постои некоја законска основа за намалување на казната или за ослободување од казна, како што се пречекорување на границата на неопходна одбрана, обид, многу намалена пресметливост, доброволно откажување и друго.

Предлагачите на ова решение сметаат дека со пропишување на казната доживотен затвор, наместо казна затвор од 30 до 40 години, би се добило појасно разграничување меѓу доживотен затвор и затвор со временско траење, како и тоа дека ќе се избегне артитрарноста во врска со пропишувањето на нејзиното траење.

Во образложението се истакнува дека траењето на доживотниот затвор не зависи од волјата на законодавецот или судот, како и дека таа казна има и симболично значење.
.
– Таа може поадекватно да ја изрази тежината на некои кривични дела и степенот на вина на вршителот иако практично во извршувањето може да се сведе на иста должина како и казната во траење од 30 до 40 години – се наведува во образложението за Нацрт законот.

Домашниот затвор според новите решенија ќе се смета за самостојна казна, а не како што е сега како замена за казна за класичен затвор и би било можно да се изрече како казна за кривични дела за кои е предвидена казна до осум години затвор.

Нацрт законот исто така дозволува куќниот затвор да трае до две години, за разлика од постоечкото решение кое дозволува извршување на казна затвор во просториите во кои живее осудениот, ако му е изречена казна затвор од една година.

Предвидени се и прецизирања кои се однесуваат на условното пуштање и паричните казни. Интервенции во законикот предвидени се и за кривични дела против стопанството, со прецизирање на постоечките и воведување на осум нови кривични дела.

Нацрт законот предвидува 33 кривични дела против економијата, додека според важечкиот Кривичен закон има 25.

Би можело да ве интересира

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда