ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ треба да сфатат дека желбата за враќање на власт не смее да биде посилна од

Од:

Пред два дена бевме сведоци на прес конференција на господинот Аце Коцевски, која не беше ништо друго туку само негов обид за додворување на партиското членство во СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Очигледно господинот Коцевски настојува да влијае на растечкото незадоволство во неговата најнова партија за неговата кандидатура за градоначалник. Затоа се обиде да биде најгласен во критиките за работата на ЈКП Дервен. Се обиде да критикува за намлувањето на платата на членовите на СДСМ кои заедно со Пецо Стојановски ги вработија во ЈКП Дервен, пред истекот на нивниот мандат.

За жал, од демантот на ЈКП Дервен видовме дека Коцевски се обиде политички да профитира ширејки мноштво невистини за работата на Дервен. Но, и без официјалната реакција на Дервен граѓаните можат да видат поголем квалитет во нивната работа. Граѓаните можат да го видат реконструираниот младински парк, можат да ги видат зголемениот број хортикултурни содржини и зелени површини во градот и тоа не само на главната улица. Граѓаните можат да видат дека благодарение на зачестеното собирање на сметот и чистење на улиците и јавните прометни површини градот е почист од кога и да било.

Но, Дервен и општината преземаа и низа активности кои граѓаните не можат да ги видат, но ќе го подобрат квалитетот на нивниот живот. Реконструирани се водоводните линии и заменети се старите азбестни цевки на повеќе улици низ градот: ул. Вера Цири Вири, дел од Петре Алчев, Мирче Ацев, Љубен Весов, Васил Ѓорѓов и др.

Токму замената на азбестните водоводни цевки требаше да биде завршена во времето на владеење на Аце Коцевски и Пецо Стојановски. Ова беше една од главните причини за задолжувањето со кредитот МЕАП. За жал парите од кредитот беа подигнати, беа и потрошени, но замената на водоводните цевки не беше завршена. Зошто е тоа така знаат само тогашниот градоначалник Аце Коцевски и тогашниот директор на ЈКП Дервен Пецо Стојановски. Би било добро, наместо да шират невистини и неосновано да критикуваат, да одговорат зошто не ги заменија сите стари водоводни цевки како што беше предвидено со МЕАП.

Времето на политички маркетинг со ширење на невистини е одамна поминато. Желбата за враќање на власт не смее да биде посилна од искреноста. Апелираме, во пресрет на локалните избори, наместо со ширење невистини и дискредитации, да се натпреваруваме со идеи и проекти, затоа што само така ќе го подобриме животот на велешани.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче, неврохирургот на Заев и 40 потрчковци е само синоним за починати граѓани и криминал

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Поради криминалното работење на СДС и ДУИ во енергетскиот сектор, граѓаните плаќаат скапа електрична енергија

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста имаше можност да ја види целата мизерија на СДС и Левица

Горан Наумовски