Сочувство од Полицискиот синдикат за загинатите колеги

Од:

Македонскиот полициски синдикат изразува длабоко сочувство и тага по повод трагичното губење на животите на шестмина свои колеги, а на повредените припадници на Македонската полиција им пожелува скорешно закрепнување.

Како што соопштија од МПС тие на, како што ги нарекуваат, мрачните сили кои стојат зад овој трагичен чин им порачуваат дека нема да се смират додека и последниот поединец не биде изведен пред лицето на правдата.

Од МПС упатуваат апел до поедини политички структури и медиуми, да не го злоупотребуваат трагичниот настан за дневнополитички цели и да ги остават нив и семејствата на загинатите да се обидат достојно да се носат со длабоката болка и тага која ја чуствувааат.

Би можело да ве интересира

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски