Во Полска денеска се одржуваат претседателски избори на кои главен фаворит е актуелниот претседател Бронислав Коморовски. На изборите учествуваат вкупно 11 кандидати за претседател.
Коморовски е кандидат на Граѓанска платформа, партија на десниот центар, а негов најголем противник е Анџеј Дуда од партијата Пrаво и правда.
Според анкетата од 29 април за ТВ24, Коморовски има поддршка од 42 проценти од гласачите, што не е доволно за победа во првиот круг, додека Дуда има поддршка од 27 проценти од гласачите.
Двете партии имаат корени во поранешното анти-комунистичко движење „Солирадност“.