Инциденти на протест во Лондон против реизборот на Дејвид Камерон

Од:

Неколку стотина демонстранти се судрија денеска со полицијата во Лондон за време на протест поради повторниот избор на конзервативниот премиер Дејвид Камерон.

Демонстрантите, кои удираа со шипки и извикуваа пцовки, фрлаа со шишиња, лименки и димни бомби врз полицијата пред портата на резиденцијата на премиерот на Даунинг стрит.

Полицијата уапси 17 лица, а во судирите се повредени четворица полицајци и уште еден службеник на полицијата.

Скотланд јард собирот го оцени како спонтан протест против мерките за штедење.

Камерон, чија влада се залага за строги мерки за штедење и намалување на буџетскиот дефицит, на изборите во четвтрокот освои втор петгодишен мандат на функцијата прв премиер на владата.

Би можело да ве интересира

Уапсен маж пред парламентот во Лондон, го фатиле со неколку ножеви во себе

А1он

(ВИДЕО) Пожар во висококатница во Лондон – 70 пожарникари се на терен

А1он

ВИДЕО: Фотографија на мајка и дете од Газа залепена на слика на Пикасо во Лондон

По неколку експлозии, избувна пожар во источен Лондон

(ВИДЕО) Лондон: Над 100 луѓе се евакуирани поради пожар во зграда

(ВИДЕО) Три лица тешко повредени на карневал во Лондон

Горан Наумовски