Европскиот комесар за проширување на Унијата Јоханес Хан изјави дека ги повикува властите и сите политички водачи да соработуваат за да се врати мирот и стабилноста во областа на Куманово, по денешниот тежок безбедносен инцидент, јави дописникот на МИА од Брисел.
– Длабоко сум загрижен од ситуацијата која е во тек во регионот на Куманово и од можните ранувања и смртни случаи. Ги повикувам властите и сите политички лидери да соработуваат за да се врати мирот, и целосно да се испитаат настаните на објективен и транспарентен начин во согласност со законот. Ги повикувам сите актери да покажат целосна воздржаност. Каква било идна ескалација треба да се одбегнува, пред се во интерес на стабилноста во земјата”, изјави еврокомесарот Хан.