Албанската влада упати апел за смиреност и воздржаност

Од:

Албанската влада го осудува секој акт на насилство сметајќи го како неприфатлив за секое демократско општество и оценува дека секое натамошно влошување на состојбата не е во прилог на демократската стабилност и просперитет на Македонија.

Во реакцијата од Владата, која доцна вечерва ја пренесе шефот на дипломатијата Дитмир Бушати, се наведува дека јазикот на омразата и екстремните дејствија треба да му отстапат место на ангажирањето за основните права, демократијата и правната држава со евроатланска перспектива.

– Уште од првите утрински часови преку амбасадата во Скопје сме во тек со широката акција на безбедносните сили во Куманово, во која има повредени и загинати. Искажуваме жалење за изгубените човечки животи и во тој контекст ги поттикнуваме македонските авторитети за транспарентност, соработка и целосна истрага во утврдување на фактите, стои во реакцијата на Владата на премиерот Еди Рама.

Исто така се наведува дека Владата во Тирана е целосно заинтересирана и е во постојан контакт со властите и политичките актери во Македонија, како и со меѓународните партнери и упатува апел за смиреност и воздржаност.

Би можело да ве интересира

Се утврдува причинaтa за смртта на родилката од Куманово, новороденчето e на скопските клиники

Горан Наумовски

31-годишна родилка почина во Општата болница во Куманово

Горан Наумовски

Полицијата уапси кумановец поради предизвикување пожар

Изгаснат е пожарот во стан од зграда во централното градско подрачје во Куманово

ВИДЕО: Невреме во Куманово, делови без струја, паднати покриви, одрони

МВР трага по 18-годишно момче од Куманово

Горан Наумовски