Албанија ги осудува актите на насилство и повикува на смиреност

Од:

Министертвото за надворешни работи на Албанија во реакцијата за инцидентите во Македонија ги осудува актите на насилство и апелира на смиреност и воздржаност.

– Најостро ги осудуваме актите на насилство и апелираме на смиреност, воздржаност со цел спречување на натамошно влошување на состојбата, што не е во прилог на демократската стабилност и просперитет на Македонија. Говорот на омраза и екстремните дејствија треба да му отстапат место на ангажирањето за основните права, демократијата и правната држава. Хармонијата на меѓуетничките односи, потврдени со Охридскиот договор се од есенцијално значење за демократската стабилност и компас на ориентација на патот на евро-атлантската интеграција на Македонија, стои во реакцијата на албанското МНР.

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи

Градежна инспекторка од Куманово побарала поткуп од 4.000 евра