Николиќ: Србија не се откажува од гасоводот „Турски тек“

Од:

Србија не се откажа од проектот за изградба на гасоводот „Турски тек“, но некои детали од реализацијата на овој проект засега не се многу јасни во Белград. Ова го изјави српскиот претседател Томислав Николиќ во интервју за телевизијата „Россија-24“, пренесе ТАСС.

Откако ЕУ не дозволи „Јужен тек“ да мине преку територијата на Бугарија, земја-членка на ЕУ, тогаш како ќе дозволи “Турски тек“ да мине преку територијата на Грција, друга земја-членка на ЕУ? Во случајов има многу нејасни моменти, рече Николиќ синоќа за оваа руска телевизија.

Српскиот претседател, истовремено, забележа дека Белград никогаш не се откажал од учеството во реализирањето на „Турски тек“, иако откажувањето на изградбата на „Јужен тек“ предизвика жалење. Тој додаде дека се очекуваше цевководот „Јужен тек“ да ја обезбеди енергетската сигурност на Србија.

-Никогаш не сме кажале дека не сакаме да се вклучиме во овој проект. Особено ако се знае дека доколку Русија навистина во 2018 година ги прекине испораките на гас преку Украина, ние ќе останеме без енергетски извори, рече Николиќ.

Тој подвлече дека за Србија „Турски тек“ не може да биде целосна замена за „Јужен тек“.

-Ако цевководот, сепак, стигне до нашата граница, ќе ни се наметне потребата ние да го градиме со наши средства. Ние, исто така, ќе бидеме последните потрошувачи на гасот, односно.нема да бидеме
транзитна земја, посочи Николиќ и додаде дека им преостанува само да чекаат. „Прво цевководот треба да мине преку територијата на една од земјите-членки на ЕУ. Ќе видиме како ќе се развиваат настаните“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда