Антиќ со Олимпијакос шампион на Грција

Од:

Олимпијакос ја освои шампионската титула во Грција откако во одлучувачкиот натпревар со 82:76 славеше над вечниот ривал Панатинаикос.

Црвено-белите од Пиреја ја добија финалната серија со 3-2 и ја освоија јубилејната 10. круна, прва по 14-годишна пауза.

Антиќ и соиграчите на фантастичен начин ја завршија сезоната, во која на европската круна ја придодадоа и таа во националниот шампионат.

Иако капитенот на „црвено-жолтите“ мечот го заврши со скромен учинок од 3 поени и 2 скока, тој имаше многу важна улога во одбраната на својот состав. Василис Спанулис со 24 поени беше најдобар на средбата.

Овој меч ја комплетираше импресивната сезона на клупски план на Перо Антиќ, за кого следат предизвиците со репрезентацијата во обидот преку квалификациите во Каракас на почетокот од следниот месец да се изборат за настап на Олимписките игри во Лондон.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ