Истражна постапка против 5 лица за двојното убиство во Мерово

Од:

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство – Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против пет лица поради основано сомнение за двојното убиство што се случи вчера во местото Јабланица во село Мерово.

За четворица од осомничените е потрената постапка за сторени кривични дела „убиство“ и по едно кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, а за еден од осомничените за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Според соопштението од Обвинителството, осомничените се гонат поради основано сомнение дека вчера во местото Јабланица, село Мерово, во заедничка дворна површина со умисла лишиле од живот две лица. -Еден од осомничените со умисла се обидел да лиши од живот трето оштетено лице. Причина за престрелката и меѓусебната кавга биле нарушените меѓусебни односи околу напасување на стадата. Осомничените неовластено поседувале огнено оружје , со кое го извршиле и кривичното дело, се вели во соопштението од ОЈО.

Поради исполнување на законските основи, надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство – Тетово до судија на предходна постапка при Основниот суд во Тетово поднел и Предлог за определување мерка притвор против петмината осомничени.

Би можело да ве интересира

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Расчистени три измами со лажни сообраќајки во Битола, поднесена е кривична пријава

ВИДЕО: Како работела лихварската банда – наплаќале огромни камати, одземале имот и живееле луксузно

Катерина Ѓуровски

Фатен бегалец од штипскиот затвор осуден за убиство

Полициска акција во Скопје, се прават претреси поради лихварство и перење пари

Катерина Ѓуровски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“