Општина Центар: Зошто МВР одбива да направи записник за упадот во “Ацо Шопов“

Од:

Ноќеска направен е упад во читалната на општина Центар – “Ацо Шопов“.

Влезната врата на објектот е насилно обиена и украден е компјутер.

Надлежните од општина Центар го пријавија случајот во МВР. Од МВР 2 и пол часа не доаѓаше никој на увид, со објаснување дека “биле зафатени со протест пред судот“.

По 2 и пол часа, дојдоа припадници на МВР, но не сакаа да направат записник за случајот, со објаснение дека “општината сама треба да си го направи тоа“.

11198797_479396135565480_210690423_n

Во 15:30 минути од ПС “Беко“, општината беше известена дека записникот направен од општина Центар не го прифаќа, наводно поради процедурален пропуст (немало наведено лице за контакт!).
Од МВР следело и упатство корегираниот записник да биде донесен утре, иако утре е сабота, неработен ден.

Општина Центар реагира зошто од МВР 2 и пол часа никој не сакаше да излезе на увид и зошто одбиваат да направат записник и со тоа да го евидентираат случајот на упад во читалната “Ацо Шопов“.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина