Професор силувал ученичка во Штип, директорот и инспекторот криеле

Од:

Професор во средното училиште „Коле Нехтенин“ во Штип силувал ученичка во училиштето, а директорот и инспектор во Државен просветен инспектор сите од Штип го криеле кривичното дело.

Според пријавата, шеесет и тригодишниот професор во текот на минатата година три пати ја силувал ученичката, односно злоупотребувајќи ја својата положба извршил други полови дејствија над ученичка во училиштето.

Директорот и инспекторот свесно не го пријавиле делото иако знаеле. Против силувачот е поднесена кривична пријава за обљуба со злоупотреба на положбата, а против тие што го криеле е поднесена кривична пријава за непријавување кривично дело или сторител.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина