Физички нападнат скопјанец по расправија за навивачки групи

Од:

Триесетгодишниот скопјанец С.Б. е физички нападнат од две непознати маскирани лица синоќа во 23.50 часот на улицата „Дане Крапчев“.

Како што соопшти МВР, маскираните лица го нападнале С.Б. при излегување од возило со тврд предмет и со тупаници по што го напуштиле местото. По нападот пронајдено и приведено е едното лице, а станува збор за 28-годишниот скопјанец М.Д.

Од извршениот разговор причина за физичкиот напад биле претходна расправија околу навивачки групи.

Се преземаат мерки за пронаоѓање и на второто лице како и целосно расчистување на настанот по што ќе следи соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР

МВР: Има зачестена појава на измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци

А1он

Србин уапсен во Скопје: Осомничен за подготовка на платено убиство

Катерина Ѓуровски