Лидерот на македонските „Ноќни волци“ опасен за безбедноста на Германија

Од:

Лидерот на македонските „Ноќни волци“ Ленин Јовановски вчеравечер неколку часа бил приведен од германската полиција и не му бил дозволен влез во Германија. Во моментов се наоѓа во Прага каде што чека резултат од обидите на чешките адвокати да ја сменат одлуката на полицијата во Потсдам.

Јовановски  во изјава на МИА вели дека нема законска основа за овој потег на германските власти кои што навеле дека причините за неговото одбивање за влез во Германија се неговите и ставовите на неговите колеги за состојбата во Украина, антихомосексуалните изјави, за осудата на настаните на плоштадот Мајдан во Киев и за националистичките позиции на „Ноќни волци“.

Јовановски е единствениот од македонските моторџии што не може да влезе во Германија, додека останатите десетина македонски граѓани кои биле со него и другите членови на групата од Русија, Македонија, Бугарија, Чешка, веќе се во Германија на пат за Берлин.

Според документот што Јовановски го добил од полицијата во Германија, тој претставува закана за општата безбедност и  редот во оваа земја. Јовановски кој претгодно патувал десетина пати во Германија и други земји од ЕУ досега немал никаков проблем со влез во која било држава. Тој требаше утре да учествува на прославата „70 години од победата над фашизмот“ во Берлин за која што „Ноќните волци“ се уште немаат дозвола од германските власти.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он