Во издание на „ПНВ публикации“ од Скопје објавена е најновото дело на поетот Славе Ѓорѓо Димоски, со наслов „Хаику на разгледници“.
Станува збор за нова поетска форма на изразување на Димоски, за која самиот автор вели дека, произлегува од „моментните фаќања“ на ситуации и слики од неговите патувања по светот.
Во самата книга песните се запишувани на разгледници, а делото опфаќа 33 хаику-песни, распоредени во циклуси и тоа „Израел“, „Турција“ и „Париз“.
Изданието е двојазично, на македонски и на француски јазик, а книгата ќе биде промовирана во рамки на Саемот на книгата што се одржува во Скопје.