Плејмејкерот на Вашингтон Џон Вол нема да биде во можност да и помогне на својата екипа во продолжението на полуфиналето на „Исток“ од НБА плеј офот против Атланта.
Тој кон крајот на првото полувреме од првиот натпревар го повреди зглобот на левата рака, а подоцна на тоа место се појавил оток. Вол има неколку скршеници, инаку левиот зглоб кошаркарот го имал скршено во средното училиште.
Од тимот на Вашингтон стигна и информацијата дека тимот лекари и физиотерапевти работат за повредата да биде санирана, но според зборовите на тренерот Ренди Витман тешко е да се очекува негово брзо враќањена теренот.
Во секој случај ова е сериозен удар за составот на Вашингтон во дуелите со Атланта. Моменталниот резултат е 1-1 во победи, а Атланта успеа да изедначи откако го доби вториот натпревар, на кој Вол не настапи.
Следниот дуел се игра во сабота навечер на теренот на Вашингтон.