Ѓукановиќ: Црна Гора годинава ќе добие покана за членство во НАТО

Од:

Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ денеска во Берлин изјави дека приоритет на државната политика е добивање на покана за членство во НАТО, пренесува Танјуг.

Тој посочи дека Владата го избрала НАТО не за да биде против Русија или против кого било, туку поради тоа што ги дели вредностите на Алијансата.

Ѓукановиќ посочи дека црногорската Влада до крајот на годинава очекува покана за членство во НАТО.

– Тоа е наша идеја водилка. Мислиме дека нашиот оптимизам е реален… и поканата ќе уследи во декемвери. Веќе следната недела очекуваме позитивни тонови и пораки на охрабрување од Министерскиот состанок на НАТО во Анталија, посочи Ѓукановиќ.

Тој наведе дека членството на Црна Гора во НАТО е важно и за Балканот, за целиот Медитеран, како и за стабилноста на Европа.

Би можело да ве интересира

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски

Уште една жртва од масакрот во Цетиње, почина еден од тешко ранетите

Катерина Ѓуровски

Црна Гора: Спајиќ не присуствува на божиќната литургија поради лошата здравствена состојба