Приведени две лица осомничени за вклученост во вооружениот инцидент во Тетовско

Од:

Две лица на возраст од 54 и 29 години денеска биле приведени од полицијата под основано сомнение дека биле вклучени во вооружениот инцидент што утринава се случил во близина на селото при што две лица починаа, а уште две се здобиле со повреди од огнено оружје информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според неговите податоци двете приведени лица се задржани од тетовската полиција и се разговара со нив за случајот.

Инаку, настанот се случи утринава нешто пред 7 часот во атарот на Мерово во месноста Јабланица покрај патот за Седларево. Во вооружениот инцидент двајца браќа на возраст од 24 и 25 години се здобиле со смртни повреди од огнено оружје при што повозрасниот починал на самото место додека една година помладиот брат починал на пат за тетовскиот клинички центар.

– Во тетовската клиничка болница утринава биле донесени уште две други лица со повреди од огнено оружје на возраст од 32 и 26 година кои по укажаната лекарска помош поради тежината на нивната состојба и животно загрозувачките повреди биле испратени на универзитетската клиника во Скопје, изјави раководителот на хируршкиот оддел во тетовската клиничка болница Илбер Бесими.

Екипа на СВР Тетово и јавен обвинител извршиле увид на местото од вооружениот инцидент и преземаат мерки за целосно расчистување на случајот рече Јосифовски.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина