Јанкулоска до полицајците: На насилствата треба да се одговори бескомпромисно

Од:

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, не денешниот Ден на полицијата, порача дека пред припадниците се денови на искушенија . Ова, рече, идните генерации ќе знаат да ги вреднуваат и споменуваат.

„Креаторите на кризи, дестабилизација и анархија повторно ќе ја стават на тест приправноста, професионализмот и храброста на полицијата, на кои треба да се одговори смирено и достоинствено, но одлучно, бескомпромисно и пожртвувано“, рече министерката.

Според неа, да се биде припадник на МВР сега е уште потешко и посложено, затоа што претстои исклучително значаен период за Македонија во кој ќе мора секој од нив да го даде својот максимум.

„Можеби ќе има првокации, напади, манипулации, лажни обвинувања. Важно е да бидеме на ниво на задачата тогаш кога сме им најпотребни на граѓаните и на државата. Овие девет години спроведовме низа реформи од кои дел беа доста длабоки и бараа сериозен напор. Тие имаа за цел македонската полиција да ја реформираат во модерна, ефикасна, европска полициска служба. Затоа сум убедена дека Вие имате капацитет и знаења да одговорите на сите предизвици“, рече Јанкулоска.

Зборувајќи за, како што рече, деветгодишните успеси на македонската полиција, министерката рече дека граѓаните од припадниците на МВР очекуваат да го бранат и правото, слободно и демократски секој да го изрази своето мислење, но очекуваат професионално и одлучно да реагираат на секој обид да се наруши спокојноста и мирот и да завладее хаос.

– На секое насилството и вонинстицуинално узурпирање на вољата на граѓаните мора соодветно да се одговори – повика Јанкулоска во својот говор.

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа