Најавени протести во Виена за време на Евросонгот

Од:

Левичарски и десничарски организации планираат да организираат протести во Виена во втората половина од овој месец, кога во главниот град на Австрија ќе се одржи Песната на Евровизија.

Под мотото „Денови на хаосот – освојувајте улици, окупирајте го градот, креирајте анархија“ од оваа недела на повеќе интернет форуми се повикува на левичарски аксионизам.

Една панкерска група, која смета дека е отстранета од улиците на градот поради Евросонгот, планира на 14 мај во паркот на дворецот Шенбрун да организира излет со пиво, со што ќе започнат Деновите на хаосот. Планираните вкупно 12 дена хаос се објаснува со тоа дека на Виена има намера да и се дадат 12 поени.

Бидејќи зад оваа акција не стои ниту една организирана група, полицијата „опуштено“ ги дочекува активистите.

Поголемо внимание полицијата им посветува на планираните протести на десничарскиот блок на денот на финалето на Песната на Евровизија, 23 мај. Собирот ќе се случи околу салата „Штахале“, каде ќе се одржи Евросонгот, под мотото „Против декаденција и уривање на вредноста“.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски

Пронајдено телото на двојниот убиец од Австрија по кого полицијата трагаше со денови

А1он

Пронајден е автомобилот на убиецот Роланд Дрекслер, полицијата интензивно трага по него

Австриската полиција трага по убиецот на градоначалникот на општина Кирхберг

Убиство во Австрија: Ловџија усмрти градоначалник