Кривични пријави за четворица учесници во синоќешните протести

Од:

СВР Скопје изготви кривични пријави против четири лица од Скопје на возраст од 26 до 40 години учесници во синоќешните инциденти.

Лицата, како што соопшти денеска МВР, се товарат за кривично дело „Учество во толпа што ќе спречи службено лице во извршување на службени дејствија“.

Првоосомничениот Б.Ј.(1974), според полицијата, и досега бил пријавуван од полицијата. – Против него се поднесени 40 кривични пријави во врска со разбојништва (15), тешки кражби (9), кражби (5), по две за насилства и измами и по една за спречување на службено лице во вршење работи од безбедноста, убиство во обид, противправно лишување од слобода, учество во тепачка, насилство извршено во група, телесна повреда и фалсификување исправа.Првоосомничениот 16 пати бил и прекршочно гонет со пријави за нарушување на Јавниот ред и мир и согласно Закон за оружје, информира МВР.

Според МВР, и третоосомничениот С.П. (1989) со кривична пријава во 2011 година бил гонет за насилство, а против него се поднесени и 32 прекршочни пријави во врска со нарушен јавен ред и мир.

Останатите двајца Б.Т. (1984) и А.Т. (1985) не биле во полициските евиденции.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски