ВИДЕО: Ова се снимките кои ги објави МВР

Од:

Триесет и осум повредени полицајци, од кои шест посериозно, еден повреден цивил, 30 приведени лица, од кои двајца малолетници, и голема материјална штета, е билансот од синоќешните насилни протести пред Владата на Република Македонија, информира денеска на прес-конференција министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

До овој момент, според информациите на МВР, едно цивилно лице се пријавило со повреди во Градската општа болница „8 Септември“. Едно од приведените лица, потенцира Јанкулоска, е однесено на Клиниката за токсикологија во алкохолизирана состојба.

– Од досега прегледаните видео материјали, целосно се идентификувани 12 лица кои учествувале во вандалскиот напад врз полицијата. Продолжуваме со преземање мерки, со цел идентификација и на други лица инволвирани во овој насилнички чин, рече Јанкулоска и додаде оти се уште не се прегледани сите снимки од безбедносните камери.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина