Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по суви и чисти коловози.
Поради можна појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите, од Авто-мото сојузот на Македонија со препорака за посебна внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово.
На магистралниот пат М-1 – делница Катланово-Велес сообраќајот од две коловозни ленти се пренасочува во една.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.