Екипите на Атланта и на Мемфис ги постигнаа првите победи во полуфиналето од конференциите од НБА плеј офот. Атланта на домашен терен го победи Вашингтон со 106:90, а Мемфис славеше на гостувањето кај Голден Стејт со 97:90.
Атланта со овој триумф му го нанесе првиот пораз на Вашингтон во плеј офот, а решавачката предност ја направија во последната четвртина кога гостите постигнаа само 15 поени (26:15), а натпреварот заврши со серија од 11:2 за Атланта.
Најефикасен на дуелот беше ДеМар Керол со 22 поена.
Ист број поени (22) постигна и најефикасниот играч на вториот ноќешен дуел Мајк Конли од Мемфис. Тој беше големо засилување за својот тим откако поради повреда го пропушти претходниот натпревар.
Вечерва се играат два натпревара: Кливленд – Чикаго (0-1 во победи) и Хјустон – ЛА Клиперс (0-1).