Итно обезбедени 330 милиони долари во САД за борба со птичјиот грип

Од:

Властите во САД итно обезбедија уште 330 милиони долари за борба со птичјиот грип во државата откако во Висконсин, Минесота и Ајова беа откриени нови жаришта на вирусот од декември досега.

Итната помош беше побарана од министерот за земјоделие на САД, Том Вилосак.

Во изминатиот месец исклучително многу се засили ширењето на вирусот и веќе се погодени 14 држави.

Досега е побарано да се уништат над 25 милиони птици – најмногу кокошки и мисирки.

Само во Минесота се уништени или угинати, 5,5 милиони птици во обид да се спречи ширење на заразата. Стотици работници во таа индустрија се пред отпуштање од работа.

Во Ајова, најголеммиот производител на јајца во САД погодени се околу 20 милиони птици. Голем број држави меѓу кои и  Кина и Мексико забранија увоз на месо од птици од САД.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија