Седници на четири собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе заседаваат комисиите за култура, за изборите и именувањата, за економски прашања и за надворешна политика.

Пред Комисијата за култура се измените и дополнувањата на законите за музеите и за библиотеките, двата во прво читање, Комисијата за економски прашања ќе расправа по годишните извештаи за работата на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија во 2014 година и за работата на Комисијата за заштита на конкуренцијата во 2014 година, додека на дневен ред на Комисијата за изборите и именувањата е Утврдувањето на престанување на правото за остварување на плата по престанокот на мандатот на пратеник.

Членовите на Комисијата за надворешни работи ќе ги разгледаат предлог законите за ратификација на Договорот меѓу Република Македонија и Унгарија за социјално осигурување и социјална сигурност, како и на Договорот меѓу Република Македонија и Словачка Република за социјално осигурување.

Би можело да ве интересира

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба