Австрија поднесе тужба против непознат сторител по информациите објавени во медиумите дека била шпионирана од германското разузнавање во корист на САД, објави владата во Виена.
Жалбата е поднесена во обвинителството во Виена за „тајно разузнавање на штета на Австрија, изјави министерката за внатрешни работи Јохана Микл Лајтнер.
Германски медиуми, повикувајќи се на доверливи документи, го обвинија германското разузнавање дека шпионирало во корист на американската Агенција за национална безбедност (НСА) европски компании и следело високи европски политички претставници, особено француски. Весникот „Билд“ објави дека биле следени и австриски официјални лица.
Австрија бара целосно разјаснување од Германија и за таа цел ќе користи и дипломатски канали, изјави Микл Лајтнер.