Давутоглу: Курдскиот процес ќе продолжи независно од исходот на изборите во Турција

Од:

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу денеска изјави дека Владата ќе го продолжи мировниот процес со курдските бунтовници независно од исходот на парламентарните избори закажани за 7 јуни, пренесе БТА.

-Ние ќе постигнеме успех во надминувањето на курдското прашање. Какви и да бидат резултатите од изборите, курдскиот процес ќе продолжи. Не сме барале и нема да бараме одобрение за да преземеме некои чекори, рече Давутоглу на предизборниот митинг во градот Карс.

Турскиот премиер, кој е и лидер на владеачката Партија на правдата и развојот, на мититнгот кажа дека решавањето на курдскиот проблем е во интерес на турскиот народ, кој загуби 30.000 свои граѓани за време на конфликтот што трае над 30 години, посочува ТАСС.

-Турците и Курдите се браќа. Не сакаме повеќе смрт, предизвикана од тероризмот во нашата земја, и нема да ја дадеме на терористите. Затоа се заложивме за решавање на курското прашање, изјави Давутоглу.

Судбината на процесот, што има за цел да заврши триесетгодишниот бунт на курдските бунтовници во југоисточна Турција, се претвори во главно прашање во предизборната кампања, која ги разгоре страстите меѓу владеачката Партија на правдата и развојот (АКП) и прокурдската Демократска партија на народите (ДПН).

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ