Обвинителството да отвори истрага против Груевски за прикривање на убиството на Мартин

Од:

Либерално-демократската партија го повикува Основното јавно обвинителство на Р.Македонија да отвори истрага за прикривањето на убиството на Мартин Нешковски. За прикривање на сторител во извршување на кривично дело бараме да одговараат премиерот Никола Груевски, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, директорот на УБК Сашо Мијалков, бившиот телохранител на премиерот Дејан Митровски-Урко, како и портпаролот на МВР Иво Котевски и советникот на премиерот Мартин Протуѓер.

Со аудиоснимките се потврдува дека прикривањето на убиството на Мартин од првите луѓе на власта било смислен план за прикривање на одговорноста и инволвираноста на МВР, со цел да си го зачува сопствениот рејтинг.

Ова потврдува дека за Груевски, Мијалков, Јанкуловска и пара-војската на власт, човечкиот живот нема вредност. Министерството за внатрешни работи, раководено од Јанкуловска, наместо да биде ставено во заштита на безбедноста и животот на македонските граѓани, тоа е претворено во партиски клуб, кој рекомпонира и прикрива убиства.

Дали Груевски, не како премиер кој чека „фала“, туку како родител, може барем малку да ја почувствува болката на семејството на Мартин и уште вечерва да понесе морална одговорност за овој случај?

Би можело да ве интересира

ЛДП за случајот со Ива Михајлова: Дали да го укинеме судството, кога институциите и онака не функционираат?

Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ЛДП бара Владата да се огради од глорификацијата на Ратко Младиќ: „Нема место за величење на осудени за геноцид“

Цветановски: Нема ништо од една изборна единица, големите партии сакаат да го заштитат монополот

Зајкова: Целосна поддршка за „Сејф Сити“ од мене како пратеничка и од ЛДП

А1он