Биографијата на првата дама на франција Валери Тријервелер со наслов “La Frondeuse” (“Бунтовничка”), открива дека таа во 2000. година вила во љубовна врска со Патрик Деведџијан, француски министер за економија во времето кога на власт беше Никола Саркози. Социјалистот Франсоа Оланд се вмешал кога Деведџијан почнал да се двоуми дали да остане во таа врска. Валери Тријервелер ги отфрла наводите како гласини и најави тужба за авторот на книгата.
Коавторот на книгата Кристоф Жакибизин, близок пријател на првата сопатничка на Оланд, тврди дека после тоа настапил период кој помалку потсетува на филмот „Џил и Џим“ од режисерот Франсоа Трио од 1962. година, во кој Жана Моро ја игра жената во љубовен триаголник со двајца мажи и сите тројца живеат во иста куќа.
„Патрик Деведџијан толку се двоумеше што Валери допушти да и се додворува маж со поинакво политичко убедување-Франсоа Оланд“, наведува Жакибизин.
„Малку по малку, врската со Оланд зема примат, посебно после ултиматумот што Тријервалер во 2002. година му го упатила на Деведџијан и кој не го исполнил. Двајцата сепак, взаемно продолжиле да се почитуваат“, тврди коавторот.
Во тоа време, сите тројца веќе биле во љубовни врски.
„Првата дама на Франција Валери Тривелер планира да ги тужи авторите на оваа книга, бидејќи во неа имало неточни и „злонамерни“ гласини со кои се крши приватноста“, рече нејзиниот адвокат Фредерик Жифар.
Оланд предизвика војна помеѓу двете бивши партнерки
Инфорамциите за љубовниот живот на Оланд објавени се еден ден откако поранешниот француски министер иронично ја коментираше намерата на претседателот да ги легализира геј браковите во Франција, и изјави дека Оланд „посакува брак за сите ама не и за себе“.
Новите детали за љубовниот живот на претседателот, секако дека нема да придонесат за неговата популарност, која падна на најниско ниво од неговиот избор во мај. Оланд има четири деца од претходната врска со колешката од Социјалистичката партија Сеголен Роајал, со која исто така живееше во вонбрачна заедница.
Во друга биографија Оланд е обвинет дека предизвикал војна помеѓу сегашната и поранешната партнерка , откако по поразот на претседатеслките избори во 2007. годинаја размислувал за можноста да и се врати на Сеголен Роајал.
Од книгата која денеска се појави во француските книжарници, се дознава дека во перидот кога била во љубовен триаголник, на Валери Тријервелер на журка и се додворувал и Никола Саркози.