Економската ситуација во Грција значително се влоши од почетокот на годината, при што повеќето показатели како што се растот, дефициите, долгот и инфлацијата се во црвената зона, покажува најновата економска прогноза на Европската комисија.
Економскиот раст на Грција се очекува оваа година да биде едвај 0,5 отсто од БДП.
Тоа претставува намалување во однос на прогнозите на ЕК од февруари, кога се предвидуваше раст од 2,5 отсто.