Додека за ГТЦ се води битка, куќата на Мајка Тереза и Музејот на ВМРО се прогласени за културно наследство

Од:

Куќата на Мајка Тереза која се наоѓа на улица „Македонија“, дело на архитектот Вангел Божиновски, Музејот на македонската борба, објект кој е дел од проектот „Скопје 2014“ и Државниот архив, добија статус на културно наследство.

skopje2014111

Во време кога за Градскиот трговски центар, дело на покојниот архитект Живко Поповски, иницијативата „Го сакам ГТЦ“, Асоцијацијата на архитекти и други организации бараа да добие статус на културно наследство, владата експресно овој статус им го дава на објектите кои се дел од проектот „Скопје 2014“

– Браво, конечно почнавме да го заштитуваме лажното културно наследство!, коментира Донка Барџиева Трајковска, претседателка на Центарот за културно наследство.

donkaBardzieva

Барџиева Трајковска проблемот го гледа во употребата на статусот културно наследство за објекти во кои се наоѓаат „значајни“ збирки кои само се впишани во евидентната книга, a без да се изврши постапка за ревалоризација каква што се предвидува за останатите објекти, за кои основано се претпоставува дека поседуваат споменички својста, каков што е ГТЦ и многу други.

arheoloskiMuzej

– Кога во еден ваков закон не е вграден морал, не можеме да очекуваме ниту правда, ниту реална заштита. Во изминатите години многу често говоревме за штетноста на овој закон и за потребата од донесување нов како дел од ситемските мерки во заштитата на културното наследство.Уште кога се носеше законот за заштита на културното наследство, укажавме на можните штетни последици кои неговата примена би ги предизвикала, но не можевме да претпоставиме до која мерка ќе му биде нанесена непоправлива штета на културното наследство.Вакви одредби во Законот има многу и тие постојано овозможуваат ,,законско“ губење на врвни вредности, вели за А1 он Донка Барџиева Трајковска.

Александра Бубевска

Би можело да ве интересира

Објавена книга посветена на битолскиот уметник Гастон Гамлиел

Проектот „Простор за разговор“ за јакнење на родовата еднаквост на културната сцена во шест градови

Концерт на познатиот „Хрватски гитарски квартет“ во Скопје

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Шопен под отворено небо со Дино Имери