Стартни полуфинални победи на гостите во НБА плеј офот

Од:

Екипите на Чикаго и на ЛА Клиперс кои беа гости на првиот полуфинален натпревар од плеј офот постигнаа победи против Кливленд односно Хјустон и поведоа во серијата со 1-0.

Чикаго го победи Кливленд со 99:92, а најдобар кај победничката екипа беше Дерик Роуз со 25 поени.

Во редовите на Кливленд Кајл Ирвинг беше најефикасен со 30 поени, а Леброн Џејмс беше на чекор до „трипл-дабл“ 19 поени, 15 скокови и 9 асистенции.

На вториот натпревар одигран ноќеска ЛА Клиперс беше убедлив против Хјустон со 117:101.

Блејк Грифин со „трипл-дабл“ беше најдобар на теренот со 26 поени, 14 скокови и 13 асистенции.

Кај Хјустон Двајт Хауард беше најпрецизен со 22 поена.

Вечерва се играат вторите натпревари од дуелите: Атланта – Вашингтон (0-1 во победи) и Голден Стејт – Мемфис (1-0).

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on