Измамите од ДДВ ЕУ ја чинат 50 милијарди евра годишно

Од:

Министрите за финансии од пет земји од Централна и Источна Европа побараа вчера од Европската унија дополнители овластувања во борбата против измамите со наплатата за данокот на додадена вредност (ДДВ), кои државите ги чинат повеќе милиајрди евра.

На заедничката прес-конференција во Виена, министрите за финансии на Австрија, Чешка, Словачка, Унгарија и Бугарија порачаа дека ќе побараат од Европската комисија да го промени системот на ДДВ, имајќи предвид дека актуелниот систем според зборовите на австрискиот министер Ханс Јерг Шелинг е неефикасен и мора да биде изменет.

Шелинг наведе дека околу десет држави ќе се приклучат кон оваа иницијатива, која пред половина година ја покренаа влатите на Чешка и Австрија.

– Измамите со ДДВ ги чинат членки на ЕУ околу 50 милијарди евра годишно, изјави чешкиот министер за финансии Андреј Бабиш.

Чест случај е измамниците да увезуваат стока, која е ослободена од ДДВ, а потоа да ја продаваат, наплаќајќи им на купувачите ДДВ. Продавачите потоа исчезнуваат, без да и платат ДДВ на државата.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

СДСМ: Цените не се намалени, власта да го прифати предлогот на СДСМ за укинување на ДДВ на храната

Горан Наумовски

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија