Конференција: „70 години од победата над фашизмот“

Од:

По повод јубилејот, 70 години од победата над фашизмот, и во пресрет на 9-ти мај, Денот на победата, денеска во Домот на АРМ ќе се одржи научно-стручна конференција на тема „70 години од победата над фашизмот“.

Конференцијата ја организираат Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста, Клубот на генерали и Здружението на дипломирани студенти на НАТО колеџот во Рим. Покрај нивни претставници, ќе учествуваат и експерти од академската јавност, како и претставници од Институтот за  национална историја на Република Македонија.

Во фокусот на конференцијата, освен суштинските вредности на антифашизмот, ќе бидат и научни-стручните погледи за развојот на македонската војска низ народно-ослободителната војна и за АРМ како продолжувач на традициите на македонската војска од периодот на антифашистичката борба во Македонија.

Би можело да ве интересира

Изложба по повод 75-годишнината од востанието во логорот „Собибор“

Ана Ололовска

Ден на победата над фашизмот

Ана Ололовска

Македонска делегација на комеморацијата по повод 72 години од ослободувањето на Матхаузен

Ана Ололовска

Македонија ги одбележува Денот на Европа и победата над фашизмот

Ана Ололовска

„За да се памти“ – концерт за Денот на победата над фашизмот

Ана Ололовска

Руската амбасада со низа свечености по повод Денот на победата над фашизмот

Ана Ололовска