ОЕЦД: Реформите во Шведска не го подобрија образовниот систем 

Од:

Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) соопшти дека Шведска не успеала да го подобри образовниот систем, наспроти големиот број реформи во изминатите неколку години. 

ОЕЦД наведува дека ваквите резултати се повеќе претставуваат срам за оваа скандинавска држава на благосостојба, пренесува Танјуг.

Швеѓаните, кои се навикнати да ја гледаат својата земја во самиот врв на сите меѓународни истражувања, како од квалитетот на животот така и според економската конкурентност, се соочија со фактот дека младите во Шведска на интернационален тест за 15-годишна возраст паднале значително под просекот, се наведува во извештајот на ОЕЦД. 

Училишната дисциплина е влошена, бидејќи учениците се повеќе доцнат во училиште во споредба со останатите држави, додека само пет проценти од наставниците сметаат дека професијата наставник е ценета во општеството, што е меѓу најниските на истражувањето ТАЛИС – Истражување на ОЕЦД за настава и учење. 

Разликата меѓу младите имигранти и родените Швеѓани останува предизвик, додека секое второ дете на доселениците е под основното ниво во математика.

Бројните реформи изминатите неколку години не го подобрија образовниот систем во Шведска, а итно е потребна национална стратегија за подобрување на квалитетот и праведноста во образованието, откако ПИСА текстот покажа дека Шведска е на 28 место од 34 држави  во математика и на последното 27 место од 27 држави во наука. 

Во извештајот денеска предаден на владата на Шведкса, ОЕЦД ја повикува земјата итно да го реформира образовниот систем и предлага подобрување на статусот и платите на наставниците, како и поставување поголеми очекувања од учениците. 

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Пукање во Шведска: Тешко ранет е тинејџер

Пукање во Малме, најмалку едно лице загина

Двајца Британци убиени, па запалени во Шведска

Горан Наумовски

Аларм во Стокхолм: Поради можна бомба евакуирана е Централната железничка станица