Кривична пријава за дилери на дрога од Струшко

Од:

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Р.(31) ,Е.З.(30) двајцата од Охрид, Ф.К.(27) од струшкото село Делогожда, А.Х.(21) и Б.И.(24), двајцата од село Велешта, Струшко. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги и психотропни супстанци и прекурсори“.

Како што соопшти МВР, по предходно преземени мерки од страна на полициските службеници на ул.„Васил Стефкоски“ затекнати се пријавените при купопродажба на опојна дрога марихуана. При тоа пронајдена е најлонска ќеса облепена со самолеплива лента со опојна дрога марихуана во вкупна нето тежина од 994 грама и едно целофанското пакување со нето маса од 0,64 g. марихуана. Во моментот кога ги забележале полициските инспектори, пријавените се обиделе да избегаат со возило но биле спречени во намерата. По извршен преглед, во близина на местото на настанот пронајдена е најлонска ќеса и целофанска паковка со марихуана .

При извршен претрес во домот на Ф.К. од селото Делогожда, пронајдени се околу 100 семки што потекнуваат од растението канабис.

Опојната дрога марихуана во нето тежина од 994 грама, пријавените А.Р.(31) и Е.З.(30) за сума од 550 евра требало да им ја продадат на Ф.К.(27) и А.Х.(21).

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски