Крис Пол со кош во последната секунда го елиминираше шампионот

Од:

Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс го направија најголемото изненадување во Западната конференција, во НБА лигата, откао ја добија мајсторката во првиот круг од плејофот против Сан Антонио Сапрс со 111:109 и го елиминираа шампиното уште по првиот круг од разигрувањето.

Херој во победата на Клиперси беше Крис Пол кој во последната секунда погоди тежок шут преку Тим Данкан за победа.

Крилниот центар на Сан Антонио пред тоа погоди две слободни фрлања и израмни на 8,8 секунди пред крајот. Пол тргна потоа на десен влез, и успеа да погоди со шут од табла и донесе само четврто полуфинале на конференцијата за Клиперси.

Крис Пол го заврши натпреварот со 27 поени и 6 аистенции. Блејк Грифин дополни со трипл-дабл од 24 поени, 13 скока и 10 асистенции, 17 поени постигна Барнс, а 16 поени Крофорд. На другата страна, Данкан имаше 27 поени и 11 скока, а Паркер постигна 20 поени и по пет скока и асистенции.

Во полуфиналето на плејофот Клиперси ќе ги одмерат силите со Хјустон рокетс

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on