Како што пишува Хафингтон пост, истражувањето спроведено во Америка покажува дека повеќе од 50 отсто од возрасните Американци не се во љубовна врска, а дека околу 27 милиони луѓе живеат сами.
Времето кое го поминуваме сами носи и одредени здравствени ризици, вклучувајќи зголемен ризик од срцеви болести и депресија. Меѓутоа времето кое го минуваме „сами со себе“ ништо не може да го замени.
ЕВЕ ЗОШТО:
– Добро се забавуваме
– Кога сме сами сме покреативни
– Повеќе работиме
– Тоа е клуч за долгорочна среќа
– Активирајте се и така ќе запознаете нови луѓе
– Времето кое го поминувате „сами со себе“ помага во борба против депресија, посебно во тинејџеските години
– Помага да ги „средите“ своите мисли
– Може да правите што ќе посакате