Земјотрес со јачина од 5,7 степени по Рихтеровата скала ја погоди денеска Јапонија, пренесува БТА.
Епицентарот е регистриран на 185 километри југоисточно од јапонските острово Иџу, соопшти американскиот геофизички институт.
Потресот бил на длабочина од 10 километри.
Засега нема информации за евентуални жртви или предизвикана материјална штета.