Новото истражување на интернет страницата Skynet&Ebert покажува дека луѓето во својата 33-годишна возраст престануваат да слушаат нова музика и нови интерпретатори.
Во неа се наведува дека во животот на тинејџерите музиката доминира, а кај младите на таа возраст им е важно да бидат во тренд, додека овие интереси се намалуваат кај 20-годишниците.
Исто така, тие наведуваат дека до раните 30-ти години мејнстрим музиката станува помалку важна се до моментот на созревање на музичкиот вкус во 34-та година од животот.
Студијата покажува и мали разлики во полот, па затоа жените од 13 до 49 години имаат постојан пад во слушањето музика, додека кај мажите тој процес се случува драстично во раните 30-ти години.
Основањето семејство и деца, исто така, има влијание врз пристапот на слушање нова музика, покажуваат резултатите од истражувањето.