Унгарскиот премиер Виктор Орбан не планира воведување смртна казна, изјави шефот на неговиот Кабинет, Јанош Лазар. Изјавата е дадена по острите критики од Европската унија бидејќи премиерот повика на дебата за повторно воведување на најтешката казна.
Според Лазар, Орбан го информирал во телефонски разговор претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц дека Владата ќе расправа за тоа прашање, но премиерот „не планира да ја воведе смртната казна“.
Тој додаде дека Унгарија „ќе се држи до законите на ЕУ“.
Претседателот на ЕК и лидерот на социјалистите во ЕП денеска го критикуваа остро унгарскиот премиер поради најавата за воведување на смртната казна.