Либерелно-демократската партија ги охрабрува средношколците, студентите, професорите, хонораците и сите слободноумни граѓани да продолжат во битката за исполнување на своите права.
– Контунуираните протести покажуваат дека народот не ги прифаќа политиките на оваа забегана власт, која што носи закони по мерка на фамилијата. Тоа врхушката на ДПМНЕ го покажа со грабежот на државниот имот , со посакуваните плацеви на Водно, но и со класичната злоупотреба на законот за контрола на комуникациите. На оваа власт не им е важно мислењето и гласот на сопствениот народ, па се однесуваат како окупациска власт . Законите не се носат по кабинети и зад затворени врати. За донесување на спроведливи и одржливи законски мерки потребен е процес на консултации и дијалог со оние за кои тие се однесуваат.Чујте го гласот на народот и одете си што поскоро. Во овој темен вилает само преодна влада може да го врати демократскиот поредок, пишува во соопштението на ЛДП.