Битолчанец пронашол и вратил поголема сума пари

Од:

СВР-Битола денеска соопшти и јавно му честиташе за постапката на битолчанец кој во текот на вчерашниот ден пронашол, пријавил и вратил поголема сума парични средства.

Магадалена Димитровска, советник за односи со јавност во СВР-Битола, информираше дека во текот на вчерашниот ден битолчанецот пронашол паричник во кој имало 7.300 денари, 510 евра, 200 австралиски долари и дебитна картица од странска банка.

– После пријавата, полициски службеници од полициската станица „Битола“ го пронајдоа лицето кое ги изгубило предметите и паричните срдства и тие му беа вратени. Во оваа прилика СВР – Битола ја поздравува постапката и изразува јавна благодарност на пријавителот. Воедно апелираме на сите граѓани да го следат неговиот пример и да пријавуваат пронајдени изгубени предмети, посочи Димитровска.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина